Седумнаесет лица се убиени во нападот со огнено оружје во средно училиште во Паркленд Флорида, што вчера напладне по локално време го изврши 19 момче. Повеќе од 20 се повредени и пренесени се во локалните болници.
Николас Круз, кој бил уапсен два часа по масакрот, е поранешен ученик во ова училиште кој бил избркан поради недисциплина, а полицијата вчера накусо соопшти дека при проверката ан неговиот профил, откриени се многу вознемирувачки детали.
Шерифот на округот Брауард Скот Израел изјави дека Круз имал најмалку една пушка од типот Еј Ар 15 и многу муниција.
Пред пукањето Круз објавувал многу вознемирувачки материјали и пораки на социјалните мрежи.
До нападот дојде пред крајот на школскиот ден во Паркланд, Флорида, на околу 70 километри северно од Мајами.
Училиштето го посетуваат околу две илјади деца кои беа евакуирани од зградата. Еве што изјавија некои од нив:
Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со гувернерот на Флорида Рик Скот и напиша дека Белата куќа соработува со полицијата околу „ужасниот напад во училиштето во Флорида“.