Машиновозачот на патничкиот воз кој беше дел од железничката несреќа кај станицата „Рајко Жинзифов“ е осомничен за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Така процениле надлежните во истрагата која ја спроведоа по случајот, јави портал Лисица.
СВР Велес денеска на 50-годишниот Р.А. му поднесе кривична пријава.
Машиновозачот не се придржувал кон прописите за безбедност на железничкиот сообраќај , односно, минувајќи го излезниот сигнал иако истиот покажувал сигнален знак „стој“ , предизвикал удар со товарен воз кој се движел во истиот правец, при што дошло до испаѓање од шините на една локомотива и три вагона и полесно се повредени две лица.
Со наведеното, пријавениот предизвикал опасност за животот на луѓето или за имотот од значителен обем.