Машина паднала врз двајца камионџии

Двајца камионџии се тешко повредени кога врз нив паднала машина што ја истоварале, вчера во Скопје, инфрмираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 19.30 часот во приватна фирма на улицата Јадранска магистрала. Тогаш Е.М. (37) од Скопје со вилушкар се доближил до товарно возило „Сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со цел да се истовари една машина која била во камионот. Тие ја натовариле машината во вилушкарот и ја врзеле со каиш. Откако се паркирал вилушкарот се доближиле лицата С.С. (60) од Мала Речица и Н.И. (43) од Требош, возачи во друга приватна фирма. При обид да ја истовараат, машината паднала врз нив.

Со возило на Итна медицинск апомош Н.И. бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. С.С. бил префрлен во Градска општа болница „8-ми Септември“ и кај него биле констатирани тешки телесни повреди. И двајцата биле задржани на понатамошно лекување.

За настанот бил известен Државен инспекторат за труд. Се работи на расчистување на случајот.