Масивни напади на Русија со проектили и авиони врз Украина втор ден по ред

Русија изврши неколку бранови ракетни и беспилотни напади во текот на ноќта насочени кон Киев и други региони, соопшти украинската војска рано во вторникот, еден ден по најголемиот таков руски напад во војната.

Две лица се убиени во областа Кривиј Рих (Кровиј Рог), објави локалниот функционер Евгениј Ситниченко на Telegram. Еден човек е убиен и во нападот со дрон во регионот Запорожје, изјави локалниот гувернер Иван Федоров.

Системите за противвоздушна одбрана на регионот Киев беа активирани неколкупати во текот на ноќта за одбивање проектили и беспилотни летала насочени кон главниот град на Украина, објави воената администрација на регионот на Telgram.

Очевидци за Reuters известиле за најмалку три експлозии во текот на ноќта во Киев.

Русија лансирала повеќе од 200 проектили и беспилотни летала во понеделникот, при што загинаа најмалку седум и беше оштетена енергетската инфраструктура, според тврдењето во украинското соопштение.

Размерите на нападите започнати во текот на ноќта од понеделник кон вторник сѐ уште не се познати, но украинските воздухопловни сили соопштија дека регистрирале лансирање на неколку групи беспилотни летала и полетување на стратешките бомбардери „Ту-85“ и суперсонични пресретнувачи „МиГ-31“ од руските аеродроми.

Агенцијата Reuters не можела самостојно да ги потврди извештаите, а засега нема коментар од Русија.

Кремљ негира дека напаѓа цивилни цели. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните напади ги погодиле „сите одредени цели“ во критичната енергетска инфраструктура на Украина во понеделникот.

Криви Рих, Киев и централните и источните региони на Украина беа под тревога за воздушен напад во поголемиот дел од ноќта. Пет цивили можеби се уште се под урнатините, а четворица се повредени како резултат на рускиот напад, објави на Telegram, Олександр Вилкул, шеф на воената администрација Кривиј Рих.

„Вестите се лоши“, додаде тој.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска се очекува во руската нуклеарна централа Курск да ја процени ситуацијата по започнувањето на ненадејната украинска контраофанзива во регионот. Тој сака „независно да процени што се случува“ со посета на инфраструктурата.

„Безбедноста на сите нуклеарни централи е централно и основно прашање за МААЕ“, посочи тој.