Маск ја негира аферата со сопругата на соосновачот на Google, Сергеј Брин

Илон Маск негираше дека имал афера со сопругата на својот долгогодишен пријател, соосновачот на технолошкиот гигант Google, Сергеј Брин, демантирајќи го написот од неделата на The Wall Street Journal во кој беше наведено дека кусата љубовна романса ставила крај на бракот на Брин, како и на неговото пријателство со Маск.

„Сергеј и јас сме пријатели и сношти заедно бевме на забава! Никол сум ја видел двапати во три години, и двата пати со многу други луѓе во близина. Ништо романтично“, објави Маск на Twitter ноќта кон понеделникот.

Како што се забележува во прилогот на The Wall Street Journal, Брин во текот на финансиската криза во 2008 година Брин обезбедил на производителот на електрични автомобили „Tesla“ 500.000 долари „кога таа со сите сили настојуваше да го зголеми производството“. За возврат, Маски на Брин во 2015 година му подарил теренец „Tesla“.

Претходно во јуни годинава весникот The New York објави дека Брин, чиешто богатство се проценува на 93 милијарди долари и е осмиот најбогат човек на планетата, поднел документи за раскинување на брачната заедница со Шанахан, што е неговиот втор развод.

Меѓутоа, минатата есен додека Брин и Шанахан биле привремено раздвоени, но живееле под ист покрив, Никол очигледно го привлекла вниманието на најбогатиот човек на светот, пишува WSJ.

Маск и неговата девојка пејачгата Гримес, ја прекинаа врската ланскиот септември иако го добија второто дете преки сурогат мајка во декември 2021 година. Исто така, минатата есен, уште една од љубовниците на Маск, директорлата на „Neuralink“, Шивон Зилис, роди близнаци.

Меѓутоа, тоа очигледно не го спречило Маск наводно да се „позанимава“ и со сопругата на својот пријател, пишува весникот. Двојката се споила на меѓународниот уметнички фестивал „Art Basel“ во Мајами на почетокот од декември 2021-та, извести The Wall Street Journal.

Брин го поднел барањето за развод од Шанахан предходно оваа година поради „непомирливите разлики“, неколку дена откако дознал за љубовната врска, извести WSJ.

Брин и Шанахан беа во брак четири години и имаат ќерка. Официјално се раздвоени од крајот на 2021 година. Шанахан бара милиарда долари од богаството на Брин, дознаваат медиумите.