Маск ја обвини Германија за тоталитаристички пристап кон слободата на говорот

Американскиот милијардер Илон Маск, кој е дел од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, разговараше на интернет во саботата со учесниците на настанот за изборната кампања на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) и ја обвини германската влада за тоталитаристички пристап кон ограничувањето на слободата на говорот.

„Актуелната влада е многу агресивна во сузбивањето на слободата на говорот. Ако ја потиснувате слободата на говорот, многу е тешко, ако не и невозможно, да имате вистинска демократија, бидејќи слободата на говорот е еден од темелите на демократијата“, рече Маск.

Според бизнисменот, германските власти „ја потиснуваат слободата на говорот и испраќаат луѓе во затвор поради критикување политичари или дури и за објави на социјалните мрежи“.

„Ова е безумие! Искрено, ова е тоталитарен пристап, а не демократски“, резимираше милијардерот.

За време на својот настап Маски ги советуваше Германците да се гордеат што „се во Германија и дека се Германци“ и да престанат да се чувствуваат виновни за своето минато. Маск изјави и дека претстојните предвремени избори во Германија се исклучително важни за судбината на „целата цивилизација“ и ги повика германските граѓани да гласаат за евроскептичната и противдоселеничка партија AfD, која етеблираните партии ја обвинуваат за наводно соработување со Русија и Кина.

Илон Маск се приклучи на официјалната кампања на (AfD) преку видео-врска, еден месец пред националните избори на 23-ти февруари. Обраќајќи ѝ се на масата поддржувачи пред говорот на ткн шпицен кандидатот копретседателката Алис Вајдел, милијардерот рече дека AfD е „најдобрата надеж“ за Германија.

„Искрено, мислам дека има премногу акцент на вината за минатото и треба да го надминеме тоа. Децата не треба да бидат виновни за гревовите на нивните родители или дури и баби и дедовци“, рече Маск.

Додаде дека Германија страда од „премногу бирократија од Брисел“.

„Навистина се надевам дека AfD ќе работи добро и дека Алис Вајдел ќе стане канцеларка“, рече тој на крајот од говорот што траеше помалку од пет минути кревајќи го полецот во знак на поддршка пред да се исклучи.

Овации се разлеака од околу 4.500 поддржувачи на AfD во сала во градот Хале во централна Германија.

Вајдел му се заблагодари на Маск и ги изрази своите најдобри желби за САД сега кога блискиот сојузник на Маск, Доналд Трамп дојде на власт, приспособувајќи го слоганот на Трамп: „Направете ја Германија повторно голема“.

Претходно во декември Маск изјави дека „само AfD може да ја спаси Германија“. Маск подоцна го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц „неспособна будала“ и повика на негова оставка поради зголемениот број терористички напади во Германија.

Маск, исто така, во напис за германскиот весник Welt напиша дека крајно десничарската партија AfD е единствената политичка сила во Германија способна да ја спаси земјата од тоа да стане „сенка на нејзиното поранешно јас“.

Објавувањето на овој напис предизвика жестока дебата и во самата редакција на Welt и во цела Германија: уредничката на колумните во Welt, Ева Мари Когел, поднесе оставка по објавувањето на написот. Главниот уредник на Welt, пак, ја бранеше одлуката за објавување на коментарите, тврдејќи дека демократијата и новинарството напредуваат на слободата на мислење, вклучително и изразување на поларизирачки ставови.

Кандидатот за германски канцелар од опозицискиот блок Христијанско-демократската унија и челник на (CDU) и Христијанско-социјалната унија (CSU), Фридрих Мерц го нарече написот мешање без преседан во германските избори.

Страв од AfD

AfD е втора во анкетите и би можела да ја спречи централнодесничарската или левиот центар да добијат мнозинство, но главните партии во Германија ветија дека нема да соработуваат со AfD на национално ниво.

AfD се етаблира како втора најсилна политичка партија во Германија на сојузно ниво од минатата година во повеќе истражувања на јавното мислење. На повеќето покраински избори eсенва анализите покажуваа и дека AfD била особено успешна во источните делови од Германија и кај помладите гласачи. Во групата од 16 до 24 години оваа партија освоила 17 отсто од гласовите.

И покрај падот на популарноста поради бројните скандали со нејзините политичари, хајката во мејнстрим медиумите и ставањето на големи нејзини делови под следење и опсервации на безбедносните служби и барањата на етаблираните партии за нејзина забрана, AfD успеа да профитира од незадоволството на граѓаните од работата на коалициската влада. AfD, исто така, имаше полза и од убедувањето на многу гласачи дека Унијата на CDU/CSU, исто така, нема да водеше подобри политики доколку беше на власт губејќи ја својата конзервативна и десна политичка ориентација.

Партијата AfD се појави пред десет години со противење на еврото а доби популарност во текот на мигрантската криза во 2015-та и во германскиот парламент Бундестагот првпат влезе во 2017-та, а со којашто главните традиционални партии во Германија одбиваат да соработуваат критикувајќи ги нејзините радикални ставови.

Политичките аналитичари сметаат дека ѝ одат во полза стравувањата на граѓаните во врска со рецесијата, големата миграција и зелената транзиција, а на сојузните избори во 2025 година има намера и да истакне свој ткн „шпицен-кандидат“, односно кандидат за канцелар. Партијата особено го зајакна својот рејтинг на просторот на поранешната комунистичка Источна Германија, а анкетите упатуваат на тоа дека може да оствари победа во три источни сојузни покраини следната година.