![Ilon Mask](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Ilon-Mask-1.webp?resize=696%2C465&ssl=1)
Најбогатиот ќовек на светот и шеф на американскиот оддел за ефективност на владата (DOGE), Илон Маск, тврди дека новинската агенција Reuters добила милиони долари од американската влада за да ја доведе во заблуда својата публика.
„Американската влада платила милиони долари за ‘масовно доведување на јавноста во заблуда’. Тоа е буквално она што го кажува договорот“, напиша Маск како одговор на објавата на корисникот на социјалните мрежи „Х“ со слика за наводното плаќање на агенцијата.
Корисник на социјалната мрежа, која е во сопственост на Маск, истакна дека Пентагон му платил на Reuters дури 9 милиони долари за „социолошки“ проекти. Според корисникот, Управата за перспективни научно-истражувачки проекти на американското Министерство за одбрана (Defense Advanced Research Projects Agency – DARPA) спровело повеќе исплати за Reuters во перидот 2018-2002 година, под образложение за заштита од кибернетички напади, но тоа го отвора прашањето зошто една новинска агенција добила милиони за „општетвен инженеринг“.
Додава и дека под лупа се ставени и другите медиуми поради државните финансирања. Маск ја нарече агенцијата „целосна измама“.
Маск претходно го обвини влијателниот весник The New York Times дека ја напаѓа слободата на говорот загарантирана со Првиот амандман на Уставот на САД. Маск и претходно веќе ги критикуваше и новинските агенции Reuters и Associated Press, опишувајќи ја првата како „најлошиот“ од етаблираните мејнстрим медиуми во светот.
Милијардерот кој финансиски ја помагаше кампањата на претседателот Доналд Трамп, беше незадоволен од медиумското покривање на економските и инвестициските активности на неговата компанија, која произведува електрични автомобили „Tesla“ во кои беше остро критикуван, особено откако по преземањето на поранешнот Twitter (преименуван сега во Х) го врати профилот на републиканецот кој беше блокиран од водството поради неговото тврдење декаи изборите во 2020 година биле украдени во полза на демократскиот противкандидат Џо Бајден, како и за неговиот однос кон мерките и вакцините за ковид-19. Подоцна произлезе дека Twitter имал договор со администрацијата на Бајден.
Маск, не ја поштеди ниту најголемата американска новинскаа агенција Associated Press, нарекувајќи ја „екстремно левичарска пропагандна машина“, критикувајќи ја дека се обидела да ги демантира информациите за инцидентите и гафовите на американскиот претседател Џо Бајден во јавноста. Маск, исто така, го нарече британскиот либерален весник The Guardian „гнасна пропагандистичка машина“.
DOD PAID REUTERS $9M FOR “SOCIAL ENGINEERING” PROGRAM
DOGE investigations reveal mysterious Defense Department payments to Reuters for “large scale social deception” project between 2018-2022.
While DARPA claims it was for cyber defense, questions swirl about why a news… https://t.co/8jfgRLW8Fv pic.twitter.com/DAcppcf2j9
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) February 13, 2025