Маск и стручњаците за „пауза“ во развојот на вештачката интелигенција поради ризиците

Претприемачот Илон Маск и група стручњаци за вештачката интелигенција (AI) повикуваат на шестмесечно паузирање во развојот на системот на помоќните од неодамна започнатиот GPT-4, во отвореното писмо во кое предупредуваат на можните ризици за општеството и човештвото.

Претходно во март компанијата „OpenAI“ во соработка со „Microsoft“ ја објави четвртата верзија на програмата GPT (Generative Pre-trained Transformer), којашто ги освои корисниците поради широките можност за употреба, од компонирање музика до сумирање на долги текстови.

Писмото, коешто го објави непрофитниот институт Future of Life и го потпишале повеќе од илјада стручњаци од разни области, вклучително и еден од најбогатите луѓе на планетата – Илон Маск, повикуваат на привремено запирање во развојот на вештачките интелигенции сѐ додека независните експерти не донесат безбедносни протоколи за нејзино користење.

„Моќните системи на вештачката интелигенција би требало да биде развива дури откако ќе бидеме сигурни дека нивните ефекти ќе бидат полезни и дека ќе може да се управува со ризиците“, се наведува меѓу другото во писмото.

Авторите на ова јавно обраќање укажуваат на ризиците во вид на економски и политички нарушувања, и ги повикуваат програмерите да соработуваат со властите и со регулаторните тела.

Нивната загриженост се совпаѓа и со предупредувањето на Europol кој во понеделникот укажа на бројни етички и легалистички проблеми кои ги носи со себе ChatGPT, а се однесуваат на можни злоупотреби за кибернетички напади, ширење дезинформации и сајберкриминал.