Илон Маск, милијардерот извршен директор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, вети доцна во петокот дека „ќе оди во војна“ за да ја брани визната програма H-1B за странски технолошки работници, што го поттикна спорот меѓу долгогодишните поддржувачи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и од неодамна стекнатоте поддржувачи од технолошката индустрија.
„Причината поради која сум во Америка заедно со толку многу луѓе кои се критични за изградба на SpaceX, Tesla и стотици други компании кои ја направија Америка силна е H-1B“, објави Маск на својата социјална мрежа X. „Не можете ни да замислите колку тешко ќе се борам за ова прашање“, додава/
Маск, натурализиран американски државјанин роден во Јужноафрриканската Република, бил носител на виза H-1B. Неговата компанија за електрични автомобили „Tesla“, само оваа година добика 724 визи. Овие H-1B визи обично се издаваат на три години, а носителите можат да ги продолжат или да аплицираат за таканаречената „зелена карта“.
Твитот на Маск беше насочен кон поддржувачите на Трамп и тврдокорните противници на имиграцијата, кои сè повеќе се залагаат за ставање крај на визната програма H-1B во услови на жестока дебата за имиграцијата и местото на квалификуваните имигранти и странските работници донесени во земјата со работни визи.
Трамп сѐ уште не го коментирал ова прашање. Неговиот тим не одговорил на барањето на Reuters за коментар за твитовите на Маск и дебатата за визите H-1B.
Претходно Трамп изрази подготвеност да обезбеди повеќе работни визи за квалификуваните странски работници. Исто така, вети дека ќе ги депортира сите имигранти кои се илегално во САД, ќе воведе царини за да создаде повеќе работни места за американските граѓани и сериозно ќе ја ограничи имиграцијата.
Дискусиите ја нагласуваат ситуацијата во којашто технолошките лидери како Маск, кој презеде важна улога во претседателската транзиција преку советување за клучниот персонал и областите на политиката, сега го привлекуваат вниманието на нивните прашања, пишува Reuters.
Технолошката индустрија на САД се потпира на владината програма за визи H-1B за да ангажира квалификувани странски работници кои ќе помогнат во управувањето на компаниите, работна сила за која критичарите велат дека ги намалува платите за американските граѓани.
Расправата беше предизвикана претходно оваа седмица од крајно десничарски активисти кои го критикуваа изборот на Трамп за Срирам Кришнан, индиско-американски менаџер со ризичен капитал, за советник за вештачка интелигенција, велејќи дека тој ќе има влијание врз имиграциската политика на администрацијата на Трамп.
Во петокот, Стив Банон, поранешен долгогодишен доверлив човек на Трамп, ги критикуваше „големите технолошки олигарси“ за поддршката на програмата H-1B и ја опиша имиграцијата како закана за западната цивилизација.
Како одговор, Маск и многу други технолошки милијардери повлекоа паралела меѓу легалната и илегалната имиграција. Маск потроши повеќе од четвртина милијарда долари во кампањата на Трамп за ноемвриските претседателски избори. Оваа седмица тој редовно објавуваше за недостатигот од домашни таленти за пополнување на сите потребни позиции во американските технолошки компании.