Американскиот претприемач и основач на вселенската компанија „SpaceX“, Илон Маск, смета дека по колонизацијата, Марс треба да се раководи по принципот на директна демократија.
„Марсовците ќе одлучат какво владеење ќе имаат, јас не препорачувам претставничка (изборна), туку директна демократија“, напиша Маск како одговор на прашањето на корисникот на социјалната мрежа X за тоа како ќе се управува со Марс.
Маск смета дека леталата без екипаж „Starship“ би можеле да слетаат на Марс во рок од две години, а мисиите со човечки екипаж би можеле да одат на Црвената планета во следните четири години.
Маск во објава претходно во петокот наведе дека верува оти Земјата ќе стане непогодна за живот во рок од 500 милиони години поради сегашната стапка на ширење на Сонцето.
Корисник на социјалната мрежи X „потсети“ дека Сонцето ќе експлодира за пет милијарди години и истакна дека Марс можеби е најдобрата шанса за човештвото за зачувување на животот.
„Проширувањето на нашето Сонце може да ја направи Земјата непогодна за живеење за 10 отсто од ова време (500 милиони години)“, напиша Маск како одговор на оваа објава.
Во септември, Маск рече дека човештвото мора да го совлада меѓуѕвезденото патување, инаку може да исчезне во иднина поради ширењето на Сонцето или судирот на Земјата со астероид.