Американскиот претприемач и еден од најбогатите луѓе на планетата, Илон Маск го поврзува своето откажување да ги активира сателитските комуникации на Starlink над црноморскиот полуостров Крим за напад на украинските дронови врз бродови на руската воена морнарица, со последиците од американските санкции воведени против Русија поради нејзината инвазија во Украина, кои му го забрануваат тоа.
Претходно минатата седмица телевизијата CNN објави дека Маск наредил да се ограничи функционирањето на сателитската интернетска мрежа Starlink во близина на Крим, обвинувајќи дека со тоа го спречил украинскиот напад врз руската морнарица, како и дека тоа произлегува од биографијата чиј автор е Волтер Ајзексон, а е објавена официјално во вторникот на 12-ти септември. Маск ги негираше наводите на телевизијата, велејќи дека системот всушност не бил активиран, туку дека имало барање да биде ставен функција.
Мнозинското руско население на Крим по превратот во 2014 година со два референдума ја поврати автономијата на полусторовот укината со осамостојувањето на Украина во 1991-ва и да се врати во составот на Русија од која е отцепен со декрет на советските власти во 1954 година. Киев и неговите Западни сојузници тоа не го признаваат и сметаат дека станува збор за нелегална руска анексија на украинска територија. Покрај тоа, на Кримскиот полуостров, Севастопол е историското седиште на руската Црноморска форма и уживаше своевидна екстериторијалност.
Крим е еден од фокусите на укранските противофанзива започната на почетокот од јуни, и често се изведуваат напади со беспилотни летала врз руските воени цели на полуостровот, кој се смета за стратешка точка за контрола на Црното Море и за операции врз Русија.
„Причината зошто (Starlink) беше исклучен всушност првично беше затоа што САД воведоа санкции кон Русија. Санкциите го вклучуваат и Крим и не е дозволено (таму) да ја активираме врската“, изјави Макс во текот на онлајн-обраќањето на конференција посветена на развојот на технологијата.
Додаде дека за да се активира функционирањето на Starlink над Крим, морал да добие дозвола од американската влада, којашто неговата компанија ја немала кога дошло барањето од Киев.
„Ние едноставно добивме итни повици од украинската влада со барање да ги вклучиме комуникациите….“, појаснува Маск.
Притоа, претприемачот во технологиите призна дека би бил подготвен да го активира Starlink над Крим доколку добил „директива“ од американскиот претседател Џо Бајден.
Маск, исто така, го спореди можниот напад на украинската војска врз руската воена морнарица на Крим со јапонскиот напад на Перл Харбур, по кој САД се вклучија во Втората светска војна, посочувајќи дека тоа било всушност „тактичка победа“ која довеле до „стратешки пораз“ на Токио во големата војна.
Маск, чија сателитска мрежа Starlink ѝ помогна на украинската војска по почетокот на руската инвазија да одржува интернет врски, претходно истакнуваше дека неговата компанија соопственик на мрежата „SpaceX“ никогаш не ветила дека ќе го покрива и Крим. Додава дека сака „да им помогне на луѓето, а не да ги убива“.
Исто така, Маск изјави дека нема да дозволи сателитите на Starlink да се користат за ексалација на конфликот кој може да доведе до трета светска војна. Претприемачот порано напиша дека условите за користење на услугите на Starlink забрануваат нејзина употреба за офанзивни воени операции. Киев, кој барал активирање над Крим за изведување напади против Русија, одел против тие забрани, за разлика од тогаш кога руските трупи се движеа кон централните делови на украинската земја.
Претходно, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, коментирајќи ги информациите дека Маск ја ограничил работата на Starlink во близина на Крим, со што го спречил украинскиот напад, рече дека доколку тоа е вистина, тогаш Маск е последната разумна и адекватна личност во Северна Америка.
Starlink е сателитска мрежа од следната генерација дизајнирана да обезбеди широкопојасен интернет пристап насекаде на планетата. Во моментов во орбитата има околу 4,2 илјади сателити Starlink.