Маск се жали дека фабриките на „Tesla“ голтаат многу пари

Фабриките во Германија и во Тексас на американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ губат „милијарди долари“, изјави извршниот директор Илон Маск истакнувајќи ги високите трошоците, скромното производство и проблемот во синџирот за набавки.

Мегафабриката на „Tesla“ во Гринхајде во близина на Белрин, првиот погон на компанијата во Европа, и фабриката во Остин во американската сојузна држава Тексас беше отворена во април годинава..

Овие погони „во моментов голтаат многу пари“, рече Маск во интервју за клубот на обожавателите на возилата на „Tesla“ во Силиконската долина, укажувајќи на високите трошоци, скромното производство и проблемот во синџирите за набавка во автомобилската индустрија.

„Во моментов сум фокусиран на одржувањето на работењето за на работниците да им се исплаќаат платите и за да не банкротира компанијата“, рече Маск.

Високите трошоци на покренувањето на производството во новите фабрики се вообичаена појава, но „Tesla“ има проблеми и во погонот во Шангај, поради тамошниот локдаун кој според Маск предизвикал огромни тешкотии во производството.

Челникот на „Tesla“ неодамна најави укинување на работните места, предупредувајќи во повеќе наврати и дека очекува пад на активностите во светската економија.

Следните месеци „Tesla“ ќе укине 3 до 3,5 отсто од работните места, потврди Маск во понеделникот, додавајќи дека ќе укине десетина од работните места во одделите за проектирање и развој. Компанијата на почетокот од годинава вработувала малку помалку од 100.000 работници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.