Маск: Владата на САД му платила на Twitter да ги крие податоците од лаптопот на синот на Бајден

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден му платила милиони долари на поранешното водство на Twitter за да ги отстранува информациите за компромитирачките податоци најдени на лаптопот на неговиот син Хантер Бајден, објави во вторникот претприемачот Илон Маск, новиот сопственик на оваа популарна социјалната платформа за микроблогирње.

„Владата му платила на Twitter милиони долари за да ги крие информациите од јавноста“, напиша Маск на споменатата социјална мрежа, коментирајќи ја објавата на еден корисник во врска со скандалот кој беше особено актуелен во предизборната кампања за претседателските избори во ноември 2020 година на кои демократот Џо Бајден го победи републиканецот Доналд Трамп кој сѐ уште тврди дека му била украдена изборната победа поради што и беше исклучен од нему омилената платформа за комуникација со поддржувачите.

Минатата седмица независниот истражувачки новинар Мет Таиби, повикувајќи се на внатрешна преписка на водството и тимот за поддршка на Twitter, објави дека компанијата редовно ги следела инструкциите од американските власти, главно функционери од Демократската партија за цензура на сопствената социјална мрежа, А во случајот со Хантер Бајден редица директори на компанијата одлучиле дека сите материјали во врска со таа тема ќе подлежат на политиката на ограничување на објавувањето која важи за информациите добиени со хакирања.

Според тврдењето на новинарот, за отстранувањето и спречувањето на ширењето на информациите поврзани со скандалот менаџментот на Twitter ги користело најжестоките мерки. Притоа, не само што ја ограничиле можноста за ширење на информациите и податоците за скандалот, туку и лажно ги означувала како небезбедно линковите кои воделе до таквите објави.

Во септември во документите од преписката и заедничката изјава за јавноста на главните обвинители на сојузните држави Луизијана и Мисури, Џеф Ландри и Ерик Шмит, беше објавено дека администрацијата на претседателот Бајден се ангажирала на континуирана цензура на социјалните мрежи во консултации со челниците на онлајн платформите.

„Доставените комуникации покажуваат обемен ‘потфат за цензура’ меѓу повеќе федерални агенции. Идентификувани се 45 федерални службеници кои комуницирале со платформите на социјалните мрежи за ‘неточни информации’ и цензура“, беше истакнато во соопштението на двајцата обвинители.

Според документот, со челниците на најголемите онлајн-платформи, меѓу кои и Meta и Twitter, редовно комуницирале Белата куќа, Федералното биро за истраги (FBI), Министерството за здравство и социјални служби, Министерството за внатрешна безбедност, Агенцијата за кибернетичка безбедност и заштита на инфраструктурата, Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC), Бирото за попис, како и изборната комисија, Министерството за финансии и други владини агенции на САД.

Според еден од објавените документи за преписките датиран од јули 2021 година, претставник на Facebook директно укажува на фактот дека се сретнал со претставници на Белата куќа за да разговараат за прашањата за борбата против „лажните вести“.

„Нашите тимови се сретнаа денеска за подобро да разберат што Белата куќа очекува од нас во врска со дезинформациите“, го цитираа обвинителите еден од документите без да прецизираа за кои лица станува збор.

Во други објавени документи се содржани пораки кои содржат комуникација во врска со ширење на информациите за коронавирусот.

Американските социјални мрежи повеќепати беа критикувани и обвинувани од приврзаниците на конзервативната струја во политиката на САД за цензирурање и ограничување на слободата на информирањето во полза на актуелната администрација.

Еден од најновите примери за таквата политика беше признанието на челникот на Meta, Марк Цукерберг, кој ги објави барањата на FBI пред претседателските избори во ноември 2020 година да го ограничи ширењето на социјалните мрежи во нивна сопственост на медиумските написи за содржината на лаптопот Хантер Бајден, кои можат да откријат вмешаност на Бајден помладиот во криминални активности во продавање на влијанието на Џо Бадјен, како и во трговии со дроги и малолетничка проституција.

Американските медиуми и претходно повеќепати објавуваа податоци од лаптопот на Хантер Бајден. Од презентираната кореспонденција произлезе дека тој изјавувал дека може да договори претставникот на украинската енергетска компанија „Burisma Holdings“, во чиј извршен одбор и самит беше член за плата од повеќе десетици илјади долари месечно, да се сретне со неговиот татко во времето кога тој беше потпретседател на САД. Притоа се потсетуваше дека актуелниот претседател Бајден постариот инсистирал на отпуштање на украинскиот јавен обвинител Виктор Шокин, кој започнал истрага за проневера и корупција против „Burisma Holdings“.