Маск за три години може да стане првиот трилионер

Преприемачот Илон Маск е на пат до 2027 година да стане првиот трилионер во светот, според новиот извештај за глобално богатство.

Педесет итригодишниот Маск во моментов е најбогатиот човек во светот, со нето богатство од 251 милијарда долари, според индексот на милијардери на деловната новинска агенција Bloomberg News.

Меѓутоа, според наводите на Informa Connect Academy, неговото богатство расте со просечна стапка од 110 проценти годишно. Тоа значи дека, под услов неговото богатство да продолжи да расте со истото темпо, би можел да стане трилионер во наредните три години.

Неговата компанија „Tesla“ достигна капитална вредност, и нејзината вредност на пазарот расте со прогресија од 17,3 отсто на годишно ниво, што значи дека производителот на електрични автомобили веќе следната година би можела да надмине трилион долари.

Двете највредни компании, се од технолопкиот сектор и веќе пред неколку години ја поминаа границата од трилион долари. „Microsoft“ вреди 3,4 трилиони долари, a „Apple“ 3,3 трилиони односно 3.300 милијарди долари.

Останатите компании на Маск се за производство на вселенски летала „SpaceX“, невротехнолошка компанија „Neuralink“ и компанија за изградба на турбо тунели „The Boring Company“, како и социјалната мрежа Х, порано Twitter..