
Од денеска Грција ги укинува задолжителната употреба на маска во превозните средства и задолжителниот тест за невакцинираните работници, што воедно беа и последните мерки што важеа за заштита од Ковид-19, објавија грчките медиуми.
Одлуката за укинување на задолжителната маска во јавниот и такси превозот, беше соопштена пред десет дена, а сега со објавената министерска одлука и официјално стапи во сила.
Маската, останува и понатаму задолжителна во болниците и центрите за грижа на стари лица.
Поконкретно, во приватните и државните болници, во клиниките, дијагнистичките центри и центрите за реахбилитација, маската и понатаму е задолжителна, како за персоналот, така и за пациентите и посетителите.