Маскерано за настапот на Меси на ОИ во Париз: Упативме покана до него…

Хавиер Маскерано ќе ја води фудбалската селекција на Аргентина на Олимписките Игри кои оваа година ќе се одржат во Париз, настан на кој „гаучосите“ сакаат да го видат Лионел Меси.

Меси во минатото има настапувано за олимписката селекција и освоено златен медал, но ова е сосема друга приказна и тоа во година во која ветеранот има и други обврски како со неговиот Интер Мајами така и со сениорската репрезентација која ја очекува Копа Америка.

Сепак до него има отворена покана и засега сите опции се во игра.

– Лионел е свесен дека годините исто така го стигнуваат. Иако е Меси, тој мора да се справи со обемот на работа бидејќи имаше една година исполнета со многу активности. Не сакаме да му пречиме, едноставно упативме покана за тој да ни се придружи на Олимпијадата. Верувавме дека е неопходно да ја упатиме оваа покана за да има време да размисли и да ја анализира бидејќи ќе мора да го напушти својот клуб, – истакна Маскерано кој обелодени дека Анхел Ди Марија веќе го одбил повикот, понудата да настапи во Париз.

– Анхел (Ди Марија) го цени повикот, но нема намера да оди во Париз. Го искулувме, тој сака да им даде простор на помладите играчи, – обелодени предводникот на младите „гаучоси“.