Машки леш пронајден во охридско

Машки леш бил пронајден вчера во атарот на село Велестово од страна на волонтер од единицата за спасување при Црвен Крст – Охрид.

По извршената идентификација од сопругата,  констатирано е  дека се работи за К. Ф. (64) од с.Рача, охридско. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде ќе се изврши обдукција.