Машки труп пронајден во бездна

Вчера тетовецот Ќ.Х. пријавил дека на патот за село Стримница кај место викано „Ледина“, било пронајдено тело на непознато машко лице на возраст од околу 40 години.

Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово, во содејство со Јавен обвинител и лекар од Судска медицина, бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека во бездна покрај локалниот пат Желино – Стримница имало починато лице.

Од страна на лекар од Судска медицина во тетовската болница бил извршен надворешен преглед врз телото на починатиот, при што не биле пронајдени видливи траги на насилство.