Машко тело извадено од Вардар

тело

Скопјанецот С.Б. вчера во 12:18 часот во полиција пријавил дека околу 12 часот додека ловел риба на кејот од реката Вардар помеѓу Камениот мост и пешачкиот мост „Око“ забележал како водата носи машко тело, кое се заглавило на камењата покрај мостот „Око“.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита од водата го извадиле телото. Станува збор за машко лице на возраст од 55 до 70 години. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увидна екипа извршила увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е пренесено за обдукција во Институтот за судска медицина.