Пет засега неидентификувани лица, од кои две женски, во петокот вечерта во центарот на Скопје, во близина на трговскиот центар „Веро Џамбо“, извршиле физилки напад и разбојништво во млад жител на скопско.
Единицата за информации и команда Скопје, вчера вечерата примила инфроамција дека 21-годишниот З.О. од селото Батинци, скопско, малку претходно околу 18,50 часот од страна на пет непознати лица, три машки и две женски, физички го нападнале и му извршиле разбојништво.
Додека се возел во автобус бројот 70 на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), на автобуската постојка кај „Веро Џамбо“ во автобусот се качиле лицата кои зборувале на висок тон.
Тој побарал од нив да престанат и во тој момент едно од лицата од позади грб го удрил со тупаница, а потоа и другите лица физички го нападнале удирајќи го со тупаници.
Возачот ги отворил вратите, по што лицата излегле и го земале куферот на нападнатиот. Тој, исто така, избегал кон Меѓуградската автобуска станица.
На семафорите пред Железничка станица едно од лицата го фатил за рака и му го одзел рачниот часовник, а друго од лицата со тупаница го удрил во пределот на градите.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно рачистување на случајот.