Најголемата опозициска албанска Демократска партија на Љуљзим Баша, заедно со останатите партии од десницата, се собраа денеска на масовен протест против актуелната Влада и нејзините „репресивни политики“ кои според опозицијата ги осиромашуваат граѓаните.
Протестот почна од плоштадот „Скендербег“, продолжи низ Булеварот „Народни херои“ и заврши пред зградата на Владата, каде се приклучија и лидерот на партијата Баша и почесниот претседател на демократите, Сали Бериша.
Баша го оцени протестот како референдум од кој ќе произлезе заминување на владата на Рама и Мета и формирање техничка влада.
– Или ќе ја истераме оваа Влада или ќе останеме да гледаме како си заминува населението од земјава. Или ќе замине тиранинот на криминалот или утре ќе биде многу доцна. Друг пат нема, а нема ни време за трпение, порача Баша.
Поголем број од демонстрантите гаѓаа со јајца кон зградата на Владата а беа запалени и постери на премиерот Еди Рама.
Протестите беа обезбедувани од голем број полицајци и припадници на другите сектори на МВР