Масовна тепачка меѓу албански осуденици во затвор во Грција

Најмалку еден загинат во масовната тепачка која настанала во „Коридалос“ најголемиот затвор во Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу осуденици од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.

Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож, но има и повеќе повредени лица. Загинат наводно е 35-годишник од Албанија, осуден за две убиства, кој во 2018 успеал да побегне од затворот, но повторно бил уапсен и вратен.