Масовни импровизирани гробници се откриени на старите гробишта во јужниот украински град Мариупол над кој контролата ја преземаа сепаратистичките проруски и руски сили, а се на теориторија којашто долго време биле под контрола на единиците на украинските крајно десничарски паравоени формации, изјави во средата новиот именуван градоначалник Константин Иваншченко.
„Забележавме две големи јами… разбравме дека тика има голем број трупови (…) Оваа територија беше контролирана од националистичките единици, како што е полкот ‘Азов’. Секако, ќе биде изведена форензичка експертиза која треба да покаже како загинале луѓето“, рекол Иваншченко кого го цитира агенцијата РИА.
Според соговорник на агенцијата, локален жител на Мариупол, до март кога започна блокадата на градот од страна на руските сили до повлекувањето на украинските борци, најмалку триесеттина тала биле истоварени во јамите.
„На старите градски гробишта, стари над 300 години, на почетокот од март видов како пристигнува трактор и се копа јама. Истиот месец додјоа и возила и истоваруваа нешто во црни вреќи, го истоваруваат и ги фрлија во јамата. Тоа го видов, лично тоа го видов трипати. Но луѓето велат дека тоа треаело цел месец. Споед мени имаше 30, можеби повеќе од 30 (тела). Но луѓето коишто живеат тука, велат дека сигурно биле повеќе од 30“, тврди соговорникот на агенцијата.
Рускиот Истражен комитет соопшти дека се документираат наодите од Мариупол поради сомневања во воени злосторства извршени од украинските сили.
И Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за воени злосторства врз цивилното население во југоисточните региони. Украина го обвинува руските сили за повеќе десетици цивилни жртви во повеќемесечната опсада на Мариупол. Руската страна ги отфрал обвинувањата, и ги обвинува ткн „националистички баталјони“ кои во јуни 2014 година го заземаа градот од проруските сепаратисти од Доњецк, спроведувале „чистки“ врз цивилите кои биле наклонети на руската страна, а во текот на опсадата ги користелe цивилите и цивилните објекти како „жив штит“ за да ги обвинат руските војници за уништувањата.