
Австралискиот екстремист кој во двете џамии на Нов Зеланд уби најмалку 49 луѓе пред масакрот се инспирирал од четнички песни, а доказ а тоа оствил и на интернет.
Песната во којашто осудениот за воени злосторства Радован Караџиќ се повикува да ги „води Србите свои“ и испраќа порака „од Краина кинисаа волци, вардете се усташи и Турци“ се слуша од аудио уредот во возилот во коешто пред масакрот кој го извршил го управвач мажот кој подоцна е идентификуван како 28-годишниот Брентон Тарант, жител на австралискиот град Графтон.
Седуманесетминутната снимка која ја поставил на Facebook подоцна е избришана, а споменатата четничка песна, којашто на масовниот убиец најверојатно му била инспирација за масакрот над муслиманските верници во новозеландскиот Крајстчрч се слуша на самиот почеток.
Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Австралија и Нов Зеланд, Мира Хајриќ, рекол дека засега нема информации дали во нападите во џамиите имало и лица од БиХ, но истакнал дека се ужасувачки асоцијациите кои се јавуваат кога ќе се слушне што го инпсирирало масовниот убиец.
„Она што особено нѐ загрижува нас од БиХ е што убиецот кој е белец роден во Австралија, во текот на директната снимка која е поставена на социјалните мрежи, на патот кон џамиите каде го извршил масакрот слушал четнички песни, песни на српски националисти….“, рекол Хајриќ за телевизијата N1, додавајќи дека сето тоа ги иживува призорите од масакрот во Сребреница.
Истовремено реагираше и популарниот видео блогер познат по називот PewDiePie, оценувајќи дека е „одвратно“ тоа што осомничениот за масакрот во Крајстчерч во текот на директното емитување на снимката повикувал лда се претплатат на неговиот блог.
Како што пренесуваат медиумите, Тарант во онлајн емитувањето на социјалните мрежи се обраќа до аудиториумот со зборовите „Запомнете момци – претплатете се на PewDiePie“.
„Само што слушнав за ужасните настани во новозеландкиот град Крајстчерч. Сметам дека е опсолитно одврано што оваа личност го изговорува моето име., Сите мои мисли и грижи сега се со жртвите, роднините и сите засегнати од оваа трагедија“, напиша блогерот на својот микроблог на Twitter.