Масовно труење на Техничкиот факултет во Дармштат – Германија: Обвинителство се сомнева на обид за убиство

Откако седум лица беа отруени со пијалоци на Техничкиот факултет во Дармштат, Германија, Јавното обвинителство ги истражува сомнежите за обид за убиство. Мотивот е се уште нејасен, а осомничени се уште нема. За среќа, жртвите се веќе подобри.

-Полицијата формираше специјална комисија со 40 вработени, рече денеска главниот обвинител Роберт Хартман.

Канцеларијата за криминалистичка полиција Хесен, исто така, објави дека е откриено дека храната запленета на универзитетскиот кампус содржи супстанции што може да доведат до симптоми на труење.

-Знаеме што е супстанцијата, но не можеме да ја именуваме бидејќи наводно тоа го знае само сторителот, рече Хартмaн.

Во моментов нема индиции за можен сторител, а мотивот за злосторството останува нејасен. Отруените, освен што не се чувствуваа добро, на некои од нив прстите на рацете и стапалатаја сменија бојата. Инаку, сите седумина се вработени во Универзитетот. Двајца биле итно донесени на Клиниката во Франкфурт, но набрзо се пуштени на домашно лекување.

Полицијата се сомнева дека неколку кутии за млеко и контејнери со вода во зградата L201 на кампусот биле обложени со супстанција во периодот од петокот до понеделникот.

Секој што пиел или јадел нешто во зградата L201 во понеделникот и се чувствува непријатно или чии екстремитети сега се помодрени, треба веднаш да побара лекарска помош, односно да да повикаат брза, помош апелираат надлежните. Според полицијата, засега нема информации за други жртви.