Под силно полициско обезбедување рано утрово од Битола започна транспортот на гласачкиот материјал за престојниот референдум, закажан за 30 септември.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски беше таму за лично да се увери дали се се одвива според планот. согласно законите. Над 1милион и 800. 000 гласачки ливчиња, од печатницата “Киро Данаро” во Битола тргнаа до Општинските избирачки одбори.
Денес со помош на македонска пошта и наши екипи во придружба на полиција ќе се извршидистрибуција на гласачкиот матерјал, до сите општински изборни комисии, вели Оливер Деркоски, претседател на ДИК.
Право на глас на претстојниот референдум имаат 1.806.336 гласачи на 3480 избирачки места во државата. Во дијаспрата се пријавиле 2.695 гласачи во 33 дипломатско конзуларни претставништва.
Во текот на вчерашниот ден тргнаа првите избирачки одбори кај конзуларните претставништва, денес и другите патуваат, се е планирано да се одвива нормално, вели Деркоски.
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола гарантираат дека нема никакви шанси за копирање на гласачките ливчиња.
Ливчињата се испечатени со висок квалитет со 20 заштити, со никакви можности за копирање, вели Драги Милошевски, директор на печатница „Киро Дандаро“.
Референдумското прашање гласи: Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“ А гласачите кои ќе излезат на референдумот со заокружување со сино хемиско пенкало треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“. Гласањето на 30 септември почнува во 7 часот наутро и завршува во 19 часот.