Првото место на табелата во Бундес-лигата е доказ дека Пеп Гвардиола одлично си ја врши својата работа.
Нема клуб кој би бил подобар избор за него. Сè што посакал – добил во Баерн, не знам што уште посакува и зошто чека толку за да потпише нов договор. Баерн е незапирлив оваа сезона со него на кормилото. Секако дека Англичаните имаат повеќе пари, но играта не им е на исто ниво како во Бундес-лигата, реагираше Матеус на шпекулациите дека Гвардиола од наредната сезона ќе го предводи премиерлигашот Манчестер Сити.
Договорот на шпанскиот стратег со Баерн Минхен истекува на крајот на тековната сезона.
Според каталонските медиуми, Гвардиола е подготвен да потпише уште двегодишна соработка бидејќи негова цел е титула во Лигата на шампиони во која досега со баварскиот клуб двапати стигна до полуфиналето.
Од друга страна, британските весници продолжуваат со шпекулациите дека Манчестер Сити веќе го договорил Пеп за следното лето да го наследи Мануел Пелегрини на клупата на “граѓаните”.