Матевж Томшич е редовен професор на ФУДШ во Словенија. Факултет за применети општестени студии, Ново Место, Словенија
Што би добиле студентите од Северна Македонија кога би биле дел од вашиот факултет?
– ФУДШ е млада и динамична академска институција. За повеќе од петнаесет години од своето постоење успеа добро да се етаблира во високообразовниот простор. Во последните години, бројот на студенти запишани на факултетските програми нагло се зголеми. Сите наши програми, од додипломски до докторски – кои покриваат различни области од општествените науки – се дизајнирани на иновативен начин. Тие им нудат на студентите комбинација на општи знаења и практични вештини. На овој начин ги обучуваат да решаваат сложени социјални проблеми. Затоа, оние кои ги завршуваат студиите во нашата институција се вработливи во различни организации, од фирми до јавни институции и невладини организации.
Ковид-19 пандемијата ги промени условите за студирање. Денес е нормално да се учи од далечина преку разни онлајн платформи. Дали тоа ќе влијае на процесот на студирање и ако да, како?
– Оваа година воведовме таканаречен хибриден систем каде студентите можат да посетуваат предавања и упатства физички или онлајн, преку Zoom. Ова е овозможено со пакетот Студија + каде студентите имаат можност да ги посетуваат сите студиски активности од далечина – со одредена доплата; имаат пристап до снимките од сите предавања и вежби; освен тоа, можат да полагаат и онлајн. Причините за оваа дополнителна можност за студентите беше ситуацијата поврзана со Ковид-19 (повторливи заклучувања) и фактот што одреден број наши студенти живеат (во некои случаи прилично далеку) надвор од местото на наставата. Резултатите од анкетата што ја направивме на оваа тема покажуваат дека студентите се задоволни од ваквиот начин на учење.
Освен на ФУДШ, предавате и на Факултетот за медиуми. Зошто студентите би се запишале на новинарство и медиуми во Љубљана?
– На иновативен начин се подготвуваат и програмите на Факултетот за медиуми. Конкретно, додипломската програма по новинарство е многу практична, што значи дека студентите стекнуваат многу вештини потребни за креирање медиумски содржини (графички дизајн, фотографија, обработка на звук итн.). Во магистерската програма, сепак, ова се надоградува со знаења и вештини поврзани со управувањето со медиумските организации. Студентите на овој факултет ќе се обучуваат за професионална, непристрасна новинарска работа.
Дали постои можност еден ден да ве видиме како професор во Македонија, каде што ќе предавате во живо и ќе организирате студии на двата факултети?
– Во мојата академска кариера, посетив неколку академски институции во Европа и на други места во светот. Би ми било задоволство да ја посетам Македонија во улога на предавач или истражувач.