Матичните лекари денеска од 12 до 16 часот нема да прегледуваат пациенти, како знак на револт поради убиството на нивниот колега лекар кој беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара во Скопје.
Лекарот Ацо Трпковски беше пронајден мртов со неколку убодни рани во неговото возило во четвртокот вечерта.
Претседателката на здружението на матични доктори, Лидија Чолкакова Дервишова, кажа дека е неопходно да се донесе закон за докторската дејност во која ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.
Реагираше и Лекарската комора која бараше брзо да се расчисти убиството на лекарот.