Матичните лекари ќе закажуваат прегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во јануари или февруари идната година во целост ќе се смени системот – и матичните лекари ќе можат да закажуваат прегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите.

Моделот, истакна Филипче, може да се воведе и сега, но тоа нема да биде трајно решение.

Министерот потврди дека не само сега, туку и за време на целиот изминат период додека трае пандемијата, стигнуваат поплаки од граѓаните околу неможноста за реализирање различни клинички прегледи.

-Разговаравме со директорот на радиологија каде што притисокот е најголем, но и  со дел од УО на Лекарската комора каде челнуваат матичните лекари. Начелно договоривме менување на моделот – не само специјалистите, туку и матичните лекари да закажуваат пегледи кои сега не можат да ги закажуваат. Целосно следната година ќе се смени сликата. Можеме и сега да интервенираме, но нема да биде трајно решение. Во јануари или февруали кога сите апарати ќе бидат инсталирани, тогаш моделот целосно ќе се воспостави, информира Филипче.