Матис добил овластувања да испрати војска на границата со Мексико

© AFP 2017 / Brendan Smialowski

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис соопшти дека добил овластување од Белата куќа да ја употреби армијата за заштита на царинскиот и граничниот персонал на границата на САД со Мексико, доколку тоа биде потребно.

Нагласи дека ваквото овластвање би значело оти под одредени околности армијата би била искористена за времено задржување на мигрантите на границата.

„Тековно ќе ве информирам за секоја нова мисија или бројот на испратени војници на границата’, рече Матис.

Во моментов на американско-мексиканската граница се распоредени 5.800 припадници на вооружените сили на САД. чија задача првенствено е да поставуват жичени огради и други бариери долж граничната линија и да ги превезуваат граничарите.