Матис: Не победуваме во Авганистан, талибаните напредуваат

Талибаните напредуваат во Авганистан, предупреди во вторникот американскиот министер за одбрана Џим Матис додека американската администрација разгледува разгледување јакнење на американскиот воен контингент во оваа земја.

„Во моментов не победуваме. Тоа ќе го исправиме што е можно поскоро. Талибаните минатата година беа успешни и се обидуваат тоа да го повторат оваа година. Во овој момент мислам дека непријателот напредуваше“, изјави челникот на Пентагон, Џим Матис, пред Конгресот.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп мора да се изјасни за зајакнувањето на американските воени сили во Авганистан, што го побара и челникот на американските и силите на НАТО на теренот, генералот Џон Николсон. Во моментов во Авганистан се стационирани околу 8.400 американски војници, покрај 5.000 сојузнички војници од НАТО.

Матис оцени дека американските војници би можеле да помогнат на авганистанските сили да напредуваат, доколку би им било дозволено да им се приближат на судирите. Засега американските војници имаат советодавна улога, и се ангажирани во безбедноста на дипломатските мисии во Авганистан. Според министерот, на американските војници би им била дозволена поголема воздушна и поддршка на авганистанските сили.

Во последната офанзива во Авганистан, талибаните ја преземаа одговорноста за серија напади, особено врз воените бази и авганистанските воени позиции. Тие ја преземаа одговорноста и за нападот во саботата кога авганистански војник уби тројца американски војници и рани уште еден во источната покраина Нангахар.