Американскиот министер за одбрана Џим Матис изјави во текот на својата официјална посета на Израел во петокот дека „нема дилеми“ дека Сирија задржала хемиско оружје, како и дека последните денови ги разместила своите борбени авиони.
„За меѓународната заедница нема никави дилеми дека Сирија задржала хемиско оружје, кршејќи го договорот дека ќе го уништи“, изјави американскиот министер за одбрана Џим Матис на заедничката прес-конференција со израелскиот колега Авигдор Либерман во Тел Авив. Додаде дека тоа претставува „кршење на разолуцијата на Советот за безбеднсот на Обединетите нации и ќе мора да се решава по дипломатски пат“.
Од 2013 година сириските власти според договорот меѓу Русија и САД го предадоа целиот хемиски арсенал, а беше овозможена и меѓународна инспекција на постројките во кои може да се произведуваат хемиски агенси. Следната 2014 година Сирија ги предаде последните резерви од хемиско оружје на заедничката мисија составена од претставници на Обединетите нации и Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) на којашто Дамаск ѝ пристапи истата година.
Но Белата куќа владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, од кого сега не бара изрично повлекување од должноста како претходната администрација којашто, ја смета за одговорна и за последниот инцидент.
Поради тоа САД истрелаа 59 крстосувачки ракети „томахавк“ врз воздухопловната база Шајрат, како одговор за наводниот хемиски напад во кој се убиени 86 луѓе, од кои 30-ина деца. Според Вашингтон, сириските авиони кои го извршиле наводниот напад полетале токму од оваа база.
Пентагон соопшти дека во нападот биле оштетени или уништени 20 отсто од сириските воени авиони. Но Дамаск објави дека од американскиот напад биле уништени само шест авиони кои биле на ремонт во хангари, и веќе следниот ден од истата база полетуваа борбени авиони.
Запрашан од новинарите дали сириската армијаљ ги преместила своите авиони во руската воздухопловна база во Латакија, Матис одговои дека „последните денови ги разместија своите авиони, во тоа нема соменвање“.
Притоа американскиот министер за одбрана оцени декаљ Иран и натаму му се заканува на Израел, како и на другите негови соседи, со балистичките ракети, како и дека Техерљан работи со либанското милитантно шиитско движење Хезболаг за да го осигурат останувањето на власт на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Неговиот израелски колега додаде дека Иран се обидува да го дестабилизира целиот Блиски исток.