Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави во неделата дека САД се советуваа со европските сојузници за договорот за разоружувањето, во периодот додека европските членки на НАТО го повикуваат Вашингтон да се обеде да ја наведе Русиај да го почитува договорот за разоружување за кој тој тврди дека не го почитува Москва, наместо да го напушти.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави во саботата на 20-ти октомври дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.
Како причина за одлуката Вашингтон го истакнува наводното руско кршење на договорот, што Мосвка го отфрла и за истото ја обвинува американската страна, предупредувајќи оти изгледа дека САД се подготвуваат за војна.
Загриженоста на американските сојузници во Европа поради одлуката на Вашингтон, ја подгреа и изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дадена претходно седмицава во којашто предупреди дека американското повлекување од договорите за разоружувања, како што е договорот за поседување нуклеарно оружје со срден и кус дострел, ќе доведе до трка во вооружувањето и до извонредно опасна ситуација, оцени во средата рускиот претседател Владимир Путин и ги предупреди европските земји дека може да станат цел доколку на своја територија разместата американск стратешки проектили.ж
Рускиот претседател веднаш предупреди дека „главното прашање е што САД ќе сторат доколку се повлечат“ од договорот INF. „Доколку разместат ракети во Европа, тогаш мораме да одговориме на ист начин“, порача Путин.
„Европските земји коишто ќе дозволт разместување на американските стратешки ракети на својата почва, ќе мора да сфатат дека се на територија на којашто ѝ се заканува евентуална реакција“ предупреди челникот на Руската Федерација.
„Во разговори сме со нашите европски колеги. Ден претходно за тоа разговарав со германскиот министер за одбрана, па, како што кажав, советувањето се’ уште трае“, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пред неговото патување за чешката престолнина Прага. Таму ќе се сретне со чешкиот колега и со премиерот Андреј Бабиш.
Матис најави дека министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во декември ќе се сретнат во Брисел и дека тогаш ќе се случи некоја „точка на кулминација“.
Европските членки на Алијансата воп четвртокот ги повикаа САД да се обидат да ја наведат Русија на почитување на договорот, наместо да го напуштат, стравувајќи дека тоа ќе создаде раздор во Северноатлантскиот сојуз кој Москва би можела да го искористи. Матис потсети дека на последниот самит на НАТО ги запрашал европските колеги дали имаат идеја како тоа да се постигне, но оти досега никој не му одговорил.
Европските земји во INF гледаат основа за политиката на разоружување, а иако ги прифаќаат тврдењата дека наводно Москва го крши овој договор и натаму и самите се загрижени дека неговото пропаѓање би можело да доведе до нова трка во вооружувањето и можното стационирање на американските нуклеарни проектили од новата генерација на нивната територија, што автоматски ги прави потенцијални цели на руските проектили. Самиот Матис вели дека не може категорички да го отфрли враќањето на проектилите со среден дострел во употреба, доколку Вашингтон конечни се реши да го напушти договорот.
„Никогаш не ги отфрлам таквите работи, но ниту сметам на нив… Постојат многи начини за договор. Тие не мораат да бидат симетрични и за нив тесно ќе се советуваме со сојузниците“, додаде американскиот министер за одбрана.