МАТТО – десет години успешна соработка меѓу македонски и турски фирми

– МАТТО им овозможува на турските и македонските компании да се отворат кон пошироките пазари. Ние сме активен партнер во приватниот јавен дијалог, имаме активна улога во трансформацијата на локалната економија и придонесуваме за полнење на државниот буџет, како и во регионот и пошироко. Придонесуваме многу и во хумани цели, даваме стипендии на средношколци и студенти кои студираат на нашите факултети. Со гордост можеме да се пофалиме дека до денес МАТТО има стипендирано околу 208 студенти и средношколци, нагласи Адемоски.