Играчот од средината на францускиот гигант ПСЖ, Бласе Матуиди е убеден дека вината за елиминацијата во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони може да се лоцира и во неиграњето на најдобриот голгетер, Златан Ибрахимовиќ, кој заработи незгодна повреда на првиот дуел против лоноднскиот премиерлигаш Чезли.
„Мора да бидеме горди на тоа што го постигнавме во годинашното издание од Лигата на шампиони. Многу ќе научиме од овој натпревар, но мора да продолжиме само напред. Не е лесно да се игра против еден тим кој има поголемо искуство на меѓународната сцена. Не искористивме и неколку чисти шанси. Вината за елиминацијата можеме да ја побараме и во неиграњето на нашиот најдобар голгетер. Многу ни недостасуваше Златан Ибрахимовиќ. Многу сме разочарани, но сега мора да се фокусираме на останатите цели кои беа зацртани на стартот од сезоната”, изјави репрезентативецот на Франција.