Од денеска до 14.јуни ќе се реализираат испитите од државната матура во за која се пријавени вкупно 16.426 кандидати.
Полагањето на државната матура започнува во 10 часот со тестот по мајчин јазик и литература.
Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10.632 матуранти за македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.
На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15.201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати. Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2.070 матуранти.
Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни – за тест по биологија се пријавени 3.445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2.900 кандидати, за бизнис 4.298, филозофија 3.684 и за естетика 193 кандидати.