![Chelsea introduce new manager Mauricio Pochettino](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/Mauriso-Poketino-scaled.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино го раскина договорот со англискиот клуб со заедничка согласност, објави Reuters.
Покетино си заминува од Челзи по една година помината на клупата на тимот од Лондон. Пред Челзи од клупата го водеше Пари Сен Жермен, а во кариерата ги тренираше и Тотенхем, Саутемптон и Еспањол.
„Во името на сите во Челзи, би сакале да изразиме благодарност до Покетино за сѐ што направи оваа сезона. Тој ќе биде добредојден назад на Стемфорд Бриџ во секое време и му посакуваме сѐ најдобро во неговата идна тренерска кариера“, соопштија од Челзи.
Челзи оваа сезона ја заврши на шестото место во Премиер лигата.