Во саботата во 03,15 часот во кавараречкото село Ваташа, на улицата „Страшо Пинџур“, поточно кај последниот мост, се случила сообраќајна незгода во која 40-годишниот М.Л. од Кавадарци управувајќи автомобил „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки излетал од мостот и паднал во реката Луда Мара.
Во незгодата, возачот М.Л се здобил со тешки телесни повреди, повреда на главата и градниот кош, и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа во Кавадарци, поради сериозноста на повредите, неконтактибилен и во животна опасност е префрлен во Ургентен центар Скопје.
Таму е задржан на интензивно лекување. Увид на лице место извршила екипа од од Полициската станица Кавадарци.