Маж од Кочани пукал кон сограѓанин, со тешки повреди ранетиот пренесен на Клинички

Вчера околу 17:15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во угостителски објект на улица „Димитар Влахов“ во Кочани, по претходна расправија помеѓу две групи, лицето Д.С.(40) од Кочани со пиштол пукал кон лицето Д.З.(35) од Кочани.

Тој го погодил во десната страна од стомакот и десната подлактица.

Д.З. бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.