На 22.10.2017 година во 18:40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во Јавната здравствена установа Свети Николе бил донесен П.Н. (67) од Свети Николе.
Tој паднал од дрво додека сечел гранки кои пречеле на електричен вод.
Поради карактерот на повредите, П.Н. со возило на Јавната здравствена установа бил пренесен во Клинички центар Штип.
Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.