Александар Фишенко, натурализиран американски граѓанин и сопственик на компанија вчера пред Федералниот суд во Њујорк призна дека работел како таен агент на руската Влада.
Фишенко раководел со операвија за извезување воена технологија за Русија во период од над десет години.
Имено, Фишенко, кој е сопственик на компанијата „Арк електроникс“ со седиште во Хјустон призна дека е виновен по неколку обвиненија, вклучувајќи перење пари, непочитување на судските органи и работа како таен агент на руската Влада.
Според иследниците, тој раководел со шема за заобиколување на ригорозната контрола врз извозот на микроелектронски уреди, користени во системите за насочување на ракети, детонаторите и радарските системи.
Фишенко беше уапсен во 2012. година, заедно со уште десет обвинети за делото.
Јавни скандали на тајните агенти
Агентите на американските тајни служби задолжени за безбедноста на претседателот и традиционално имаат репутација на ѕвезди. Но понекогаш и тие ја губат контролата и стануваат скандалозни ѕвезди.
Случај 1
Еден таен агент на почетокот на неделава толку се опијанил што дури се онесвестил во холот на хотелот во Амстердам, додека екипата на специјалните служби чекала во Холандија да пристигне претседателот Барак Обама. Тој веднаш бил испратен дома поради „дисциплински причини“.
„Би-Би-Си“ потсетува дека тоа не е прв пат таен агент да се најде во неволја и дека во последните неколку години имало најмалку пет вакви инциденти во кои биле вклучени „преторијанците“ на Белата куќа.
Случај 2
Јуни 2013, агентот Игнасио Замора запознал жена во бар на еден хотел во Вашингтон, а потоа заедно заминале во нејзината соба. Кога жената видела дека Игнасио има оружје, го замолила да си замине. Подоцна во собата ппронашла куршум и повикала полиција. Во текот на истрагата, откриено е дека истиот агент испраќал мејлови со сексуална содржина на некој кој работи во тајната служба. Игнасио веднаш ја изгубил рапотата како обезбедување на претседателот.
Случај 3
Една година порано, во април 2012, агенти допатувале во Картаген, Колумбија, пред пристигнувањето на претседателот Обама. По нивното пристигнување тие веднаш заминале во бар. Некои од нив, според извештаите, му платиле по 60 долари на сопстевникот на локалот за да им најде проститутки, а потоа заедно со нив тие заминале во хотелот. Наредниот ден, една од ноќните дами се пожалила дека клиентот и должи пари. Во хотелското лоби настанала голема и жестока расправија, известила своевремено полицијата.
Интересно е дека баш агентот Игнасио Замора, кој подоцна беше вклучен во инцидентот со залутаниот куршум, учествувал во истрагата за случувањата во Колумбија.
„Тоа е како да и дадете на лисица да ги чува кокошките“, искоментирал за „Би-Би-Си“ сенаторот Рон Џонсон, републиканец од Висконси. Според него „таквото однесување ја загрозува безбедноста на председтелот на САД и прави лицата на американската Влада да бидат подложни на принуди и уцени“.
Случај 4
Ноември 2009, Тарик и Мишел Салахи од Вирџинија дошле неповикани на државната вечера во Белата куќа и влегле без проблеми, дури и се сликале со претседателот и првата дама.
Како што наведува „Би-Би-Си“, без покани во Белата куќа ги пуштиле тројца тајни агенти.
Брачниот пар Салахи станаа телевизиски ѕвезди, додека агентите биле испратени на „административно отсуство“.
Случај 5
Година 2008, агент кој во тој момент не бил на должност, уапсен е во Вашингтон, кога се обидел да изнајми проститутка, пишуваше своевремено „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
„Проститутката“ всушност била полицајка на тајна задача, а агентот се соочил со „административни мерки“.
Случај 6
Февруари 2002, двајца агенти посетиле продавница во Солт Лејк Сити, во американската држава Јута, пред почетокот на Зимските олимписки игри. Купиле девет олимписки капи и како што своевремено пишуваше „Њујорк тајмс“, си заминале. Подоцна сопственикот на продавницата пронашол некакви документи на пултот. Се докажало дека се работи за безбедносни детали за потпретседателот Дик Чејн и неговото семејство, во кои се опишува распоредот на агентите за време на Игрите.
Портпаролот на тајната служба оценил дека агентите биле непретпазливи, но дека потпретседателот и неговото семејство не биле доведени во опасност.