На 12.11.2017 година околу 17,20 часот на магистралниот пат Битола – Прилеп, кај Кукуречанска раскрсница, се случила сообраќајна незгода меѓу возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(31) од Прилеп, возило „голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Т.(35) од Граешница – Битола и возило „ауди А3“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.В.(19) од Битола.
Во незгодата на лице место починал возачот С.Т., а смртта е констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. (фрактура на нос и потрес на мозок), кој е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Битола и 11 годишно дете од с.Граешница-Битола (потрес на мозок и исеченици на главата), а додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т.(59) од с.Граешница и 7 годишно дете од истото село.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.