![kolaaaaa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/kolaaaaa.jpeg?resize=620%2C370&ssl=1)
Маж вчера во градот Вилц во Луксембург со автомобил се забил во група пешаци и го убил својот двегодишен син, објави агенцијата ДПА.
Уште четири лица се повредени во инцидентот, вклучувајќи и мало дете, кое е полесно повредено, рече јавниот обвинител.
Иследниците се сомневаат на семејна кавга, бидејќи меѓу повредените е и поранешната партнерка на сторителот. Повредените лица се пренесени во болница.
Според сведоците, 47-годишниот луксембуржанин намерно се забил со автомобилот во групата пешаци на тротоарот.
Во групата биле две мајки со колички и уште еден пешак, соопшти денеска портпаролот на обвинителството.
Осомничениот е уапсен, меѓу другото и поради сомнеж за убиство.