Минхенската полиција трага во саботата претпладнето по маж кој со нож ранил неколку лица во источниот дел од градот, се наведува во соопштението објавено на Twitter.
„Водиме потрага со сите средства достапни на полицијата“, се наведува во соопштението.
Според прелиминарните сознанија на полицијата, четири лица се полесно повредени и нивните животи не се загрозени.
Жителите на областа Розенхајмерплац, каде што се случил нападот, се повикани да не ги напуштаат своите домови. Според весникот Tageszeitung, областа е опкружена со полиција, хеликоптер го надлетува местото на инцидентот, каде што пристигнале неколку амбулантни возила.
Полицијата, исто така, дистрибуирала опис на осомничениот. Неговите мотиви засега не се познати.