![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/policija-alfi-priveduvanje.jpg?resize=670%2C478&ssl=1)
Поради основно сомнение за подметнување на пожарот кај селото Ботун уапсен е 55-годишниот Б. С. од истото село, соопшти во саботата министерството за внатрешни работи.
Лицетоссе сомничи дека го предизвикало пожарот на отворен простор, при што целосно изгореле електричен столб сопственост на ЕВН и други предмети во приватна сопственост. Против него ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од полицијата.
Во охридско-струшкиот регион од петокот избувнаа неколку пожари во кои е предизвикана поголема материјална штета. Во петокот околу 14 часот, во месноста Степаница во атарот на струшкото село Октиси, избувнал пожар во кој изгорела поголема површина дабова шума и две куќи, а пожарот беше локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга.
Вчера околу 10 часот, во полициската станица Охрид бил прјавен пожар на нива во близина на улицата „Гоце Делчев“. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот го предизвикал 35-годишен А. И. од Охрид, кој, извршувајќи земјоделски работи на нивата, фрлил отпушок од цигара. Притоа, опожарени биле неколку соседни ниви и две куќи сопственост на лица кои се на привремена работа во странство. СВР Охрид најави дека ќе поднесе кривична пријава.