Француските војници убиле во неделата во Марсеј маж кој со нож убил две лица на главната железничка станица, објави полицијата.
„Две жртви се убиени со студено оружје“, изјавил за агенцијата AFP началникот на марсејската полиција, Оливие де Мазиер.
Француското министерство за внатрешни работи на Twitter објави дека министерот ќе го посети местото на нападот во Марсеј. Засега нема квалификација на нападот како терористички чин.
Телевизијата BMF TV го пренесува соопштението на полицијата дека „во тек е полициска операција на станицата Сен Шарл во Марсеј“ со препорака да се избегнува таа област.
Во последните две години ваквите инциденти зачестија во Европа, особено од лани во Германија и особено во Франција каде што цел на вакви напади се припадниците на војската и полицијата. Кон средината на август ваков напад се случи и во финскиот град Турку кога доселеник од Мароко уби со нож две жени, а уште осум лица беа повредени.