Едно лице загина, а друго е повредено во несреќен случај кој вчера се случил во атарот на селото Воиславци.
Од полицијата утринава информираат дека 74 годишниот В.П. додека со трактор се движел наназад по земјен пат кон манастирот „Св. Богородица“, изгубил контрола и тракторот се превртел.
В.П. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во струмичката болница каде починал, додека во несреќата со полесни повреди поминала сопатничката Н.П. (76) од истото село.
На местото на несреќата извршен е увид.