![e-cigareta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/e-cigareta.jpg?resize=640%2C379&ssl=1)
Маж од Флорида загинал во експлозија на електронска цигара чиј шрапнел му го пробил черепот, а освен тоа, е-цигарата предизвикала пожар во кој жртвата добила и тешки изгореници.
Талмаџо Д’Елија(38) настрадал во домот на своите родители на 5 мај, откако екплодирала цигарата, која била неисправна, па тој имал изгореници на 80 отсто од неговото тело, а целата соба била опожарена.
По аутопсијата било утврдено дека цигарата прво екплодирала, по што парчиња од неа го погодиле Талмаџо, а потоа избувнал пожар.
Неговите родители изјавиле за медиумите дека се подготвени да ги споделат сите детали од оваа трагедија со јавноста, бидејќи не сакаат тоа да му се случи на некој друг.
Истрагата покажала дека е-цигарата била произведена од Smok-E Mountain, од Филипини.
Смртта на Д’Елија е првата смрт што е директно предизвикана од е-цигара, иако и порано имало случаи овие уреди да експлодираат, но без толку сериозни последици.
Во САД, помеѓу 2009 и 2016 година, се случиле вкупно 195 различни инциденти предизвикани од вакви вапоризатори.