Маж избоден во хотел во Германија по кавга поради бука

Маж е избоден со нож во хотел во западниот дел на Германија по кавга започната по поплаки за бука.

Четири гости на хотелот се степале во неделата утрото во градот Редермарк, јужно од Франкфурт, соопшти полицијата од Офенбах.

Притоа, 33-годишник со нож избодел маж во горниот дел од стомакот. Настраданиот е хоспитализиран, а полицијата соопшти дека неговите повреди не животно загрозувачки.

Осомничениот напаѓач веднаш по инцидентот побегнал во блиската шума, но набрзо бил уапсен. Приведен е по налог на државниот обвинител заедно со 29-годишен соучесник.